Организациите
Kooрдинативна организација
- info(at)gemeinsam-in-europa.de
- www.gemeinsam-in-europa.de
Живеење и учење заедно во Европа - Германија
Невладината организација „Gemeinsam leben und lernen in Europa e. V“. (GLL) е приватна грасрут невладина организација во регионот на источна Баварија, со седиште во Пасау. Главниот акцент на работата на GLL е да се иницира соработка, активности и проекти меѓу различните поединци, организации и заедници кои сите работат на елиминирање на дискриминацијата и нееднаквоста, каде и да се појави.
GLL промовира меѓусебно разбирање и учење, како и соработка помеѓу сите возрасни групи, како и луѓето во Европа.
GLL иницираше и спроведе многу локални и транснационални проекти волнонтерски и води инклузивен, меѓугенерациски и интеркултурен центар на заедницата во Пасау.
- Menu Item #1
- Menu Item #2
Партнерски организации
Центар за истражување, промоција и одбрана на правата на децата и адолесцентите – Шпанија
- ilewasi(at)gmail.com
- www.ilewasi.org
ILEWASI е невладина организација основана во Кастелон во 2009 година, формирана од тим од професионалци и волонтери од различни земји кои веруваат во човековите права.
Нејзината главна цел е да ги запознае сите суштинските вредности на Европската Унија, правата на децата, целите за одржлив развој и сето тоа да се спроведе во пракса со преземање акција. Главните цели се едукација за развој, подигање на свеста за правата на децата и адолесцентите и директно да се работи со детските права и интеркултуралноста.
Главните активности на ILEWASI се во областа на образование за развој/свест. Активностите се користат за инспирација на заедницата за развој на потолерантно, инклузивно и егалитарно општество.
Seal Кипар - Кипар
- info(at)sealcyprus.org
- www.sealcyprus.org
SEAL Кипар е непрофитна организација со седиште во Никозија, етнички поделениот главен град на Кипар.
Преку нивната работа, Seal Cyprus се обидува да ги надмине резултатите од урбаната поделба, а нашите членови се од двете етнички групи.
Главни цели на Seal Кипар:
-Да се обезбеди континуирано образование за млади професионалци, наставници, кариерни советници и едукатори за возрасни.
-Да се подобри нивото на клучните компетенции на учениците, младите, возрасните и постарите ученици со фокус на оние со помалку можности (социјални или финансиски бариери, попречености, тешкотии во учењето или културните проблеми, разлики, здравствени проблеми или географски тешкотии), имигранти и бегалците.
-Застапување за признавање на неформалното образование, доживотното учење и младинската работа.
-Да се зајакне врската помеѓу формалното и неформалното образование, работата на младите, образованието на возрасните и пазарот на трудот.
Здружение Мултикултура – Северна Македонија
- info(at)multikultura.org.mk
- www.multikultura.org.mk
Здружение Мултикултура е водечка младинска невладина организација која промовира младински активизам и учество во процесот на донесување на одлуки, формирана во Август 2000.
Во текот на овие 20 години, Мултикултура има реализирано многу проекти во различни области, како што се:
-младински активизам и младинско учество
- формулирање и следење на младинските политики
- застапување и лобирање за прашања насочени кон младите
- градење капацитети и обука на обучувачи во областа на лидерство, јавно говорење и дебата
- градење на волонтерска култура кај младите
-социјална инклузија
-обезбедување на бесплатна правна помош
- мониторинг на локалните институции
Исто така, здружението брои околу 100 членови и 50 волонтери кои активно придонесуваат во планирањето и спроведувањето на активностите.